Охрид, 8. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денес оствари работна средба со претставници на Синдикатот на УПОЗ, која се одржа во Охрид.
На средбата претставниците од Синдикатот ги презентираа нивните предлози во однос на измени на Законот за административни службеници, кои се однесуваа на потпишување на колективен договор, промена на работно време, елиминирање на политички притисоци врз вработените во јавната администрација и унапредување на мерит системот.
Министерот Манчевски изрази поддршка за барањата на Синдикатот и најави редовна комуникација и соработка со Синдикатите во однос на унапредување на правата на вработените во јавната администрација, како и за подобрување на ефикасноста на работата на јавната администрација. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива