јуни 9, 2017

Охрид, 9. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер.

УВ индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 26. степени.

vremenska090617– Утре времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Во недела ќе има зголемување на облачноста со повремени локални врнежи од дожд, поинтензивни на југозапад каде ќе бидат проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика пад на дневната температура за околу 5 степени. Од понеделник ќе преовладува сончево и топло време со позначителен пораст на дневната температура, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука