Охрид, 9. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Сите слушатели на Супер радио ширум светот можат да ја следат програмата на најдобрата локална радио станица во државата и преку официјалниот YouTube канал на станицата.
– Посетете го нашиот канал на YouTube и можете во живо да не слушате и секако да не гледате преку две камери. Дневните емисии, гостувања и многу повеќе забава, награди и проверена музика испорачуваме до сите наши слушатели од целиот свет. Треба само да направите Subscribe и да бидете со нас секој ден, велат од Супер радио.
Во пресрет на летото од Супер радио најавуваат нови емисии и забави од најпопуларните локации на брегот на езерото.
– Бидете подготвени за уште едно жешко и СУПЕР забавно СУПЕР лето со СУПЕР радио, напоменува главниот уредник Јане Стефанов. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива