Охрид, 9. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Водата за пиење во селските водоводи во населените места од поранешната општина Косел е неисправна за пиење, информираат од Државниот санитарен инспекторат.
Овластен државен инспектор, извршил соодветна контрола, по што Агенција за храна и вереринарство (АХВ) донела решение за забрана за користење на водата од локалните водоводи во селата Косел, Свињишта, Завој, Ливоишта, Куратица и другите населени места во поранешната општина Косел.
Од Државниот инспекторат информираат дека водата во селските средини не се хлорира редовно, бактериолошки е неисправна и небезбедна за користење. (Крај)
извор: АХВ фото: архива
Прочитано: 36