Струга, 9. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со протестен марш, стружани утре повторно ќе го кренат гласот против дивата депонија и ќе бараат чист воздух.
По протестот од пред два дена, од Граѓанската иницијатива „Доста“ од Струга, најавија нов, кој ќе се одржи од 11 часот.
– Со ова ќе го продолжиме притисокот врз надлежните органи за итно и целосно гаснење на запалената депонија, како и повторување на барањето за наоѓање среднорочно и долгорочно решение, како и дислокација на депонијата, велат од Здружението и се надеваат на брзо и ефикасно решавање на проблемот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 30