Охрид, 9. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид ќе се спроведува обука за развој на претприемништвото, со цел постигнување на економски развој, самовработување и отварање на нови бизниси.
Ваквите активности се планирани како дел од проектот за подобрување на претприемништвото во прекуграничната област Лерин-Охрид-Солун, преку воспоставување на нови претпријатија и подобрување на постоечките.
Обуката ќе ја реализираат стручни професори и експерти , а ќе се спроведе во периодот од 15-ти до 30-ти јули.
Учество може да земат сите невработени лица, како и млади претприемачи и старт ап компании од Југозападниот регион, од областите: образование, граѓански, приватен и јавен сектор.
Заинтересираните може да аплицираат најдоцна до понеделник, 12-ти јуни. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива