Избор Култура

Претставата „Аналфабет“ во трка за награда на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Охрид/Прилеп, 10. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот народен театар со претставата „Аналфабет” во режија на Ѓорѓи Ризески ќе настапи на 52-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински”, што синоќа беше отворен во Прилеп.

Оваа комедија работена според текстот на Бранислав Нушиќ, ќе биде нашиот адут за награда во категориите најдобра машка и женска улога и режија. Претставата ќе биде изведена на 15-ти јуни.

Покрај нашиот театар, во официјалната селекција во трка за награди годинава се уште 10 претстави: „Figurae Veneris Historiae“ (Љубовни пози на историјата) на Прилепскиот театар, „Злосторство и казна“ на Битолскиот театар, „Трудна приказна“ на Театар Комедија од Скопје, „Плавиот-кучето“ на Албански театар – Скопје, „Хај-фај“ на Кумановскиот театар, „Лазаревото писмо“ на Штипскиот театар, „Отело“ на Турски театар – Скопје, „Џон Габриел Боркман“ на Струмичкиот театар,  „Копање“ на Македонскиот народен театар и претставата „Ана Комнена“ на Велешкиот театар.

Инаку годинашниот фестивал беше свечено отворен синоќа со претставата „Венецијански трговец“ од Шекспир, во режија на Наташа Поплавска, а во изведба на Драмски театар. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука