Охрид, 10. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците на Државниот завод за статистика, минатата година во Охрид биле регистрирани вкупно 99 бесправно изградени објекти.
Од нив речиси половината биле гаражи, а останатите се огради, доградби и надградби, настрешници, помошни објекти, летни тераси и објекти за домување.
Колку за споредба, во 2015 година биле евидентирани 45 бесправно изградени објекти, што значи дека бројката лани се зголемила двојно.
На територијата на општина Дебрца, државна статистика минатата година не регистрирала ниту еден бесправно изграден објект.
Што се однесува на територија на цела држава, минатата година се регистрирани 1 037 бесправно изградени објекти, од кои речиси сите во приватна сопственост. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива