јуни 10, 2017

Охрид, 10. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Големиот руски уметник Јуриј Шишкин на 17-ти јуни ќе одржи концерт во Охрид.

Шишкин со своите виртуозни изведби на хармоника ги има освоено најголемите концертни подиуми  во Холандија, Белгија, Германија, Финска, Шведска, САД, Канада, Кина, земјите од Латинска Америка и други. Изведува разновиден репертоар од светската литература за хармоника, но и адаптации за својот инструмент што го прославуваат како еден од највештите виртуози на хармоника.

Пред охридската публика ќе се претстави со дела на Семјонов, Гонтаренко, Доренски, Лекуона, Рахмањинов, Римски-Корсаков и Менделсон.

Концертот ќе се одржи во катедралната црква Св.Софија во Охрид, а почетокот е закажан за 19.30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука