Струга, 10. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Струга деновиве се одржува 42-от Меѓународен јога семинар насловен „Љубов вера и надеж“.
Семинарот се состои од теоретски предавања и практични часови и медитација. Предавач на часовите по медитација е гостинот од Грција Павлос К. Хасанагас, додека пак практичните часови се под водство на професорите од Јога сојузот на Македонија, Ванчо Тасески, Томе Биновски и Благоја Ѓорѓиески.
Учествуваат практиканти од повеќе градови од Македонија, но и од странство. Сите оние кои не се присутни, чаовите и предавањата може да ги следат и преку интернет. Семинарот завршува утре. (Крај)
извор: Strugaonline фото: архива
Прочитано: 20