јуни 10, 2017

Охрид/Ниш, 10. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓаните Влатко Ѓорѓиески и  Анастасија Чутрова се вратија со неколку златни медали од учеството на 12-от Меѓународен натпревар во подготвување јадења од риба, што се одржа во Ниш, Србија.

Шефот на кујна во охридскиот хотел „Бетон“, Влатко Ѓорѓиески,  освои најмногу бодови и беше севкупен победник во две категории – подготовка и сервирање на специјалитети од риба. Тој многу пати досега има освојувано златни медали на вакви натпреварувања во земјава и во странство.

Ученичката, пак во трета година во ОУТУ „Ванчо Питошески“, Анастасија Чутрова го освои златото во подготовка на јадење од риба, сениорска категорија.

Ѓорѓиески и Чутрова беа дел од тимот на Здружението на готвачи „Гастро Мак“ и дадоа свој придонес да бидат апсолутни победници и да го освојат признанието Гран при на натпреварот. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: Гастро Мак

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука