Охрид, 12. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Работилницата за подобрување на услугите за лицата со попреченост се одржува денеска во Охрид, како дел од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка.
Предвидено е обраќање на Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, постојаниот координатор на Обединетите Нации и постојан претставник на УНДП, Луиза Винтон, како и заменик раководителот на мисијата во Амбасадата на Швајцарија, Стефан Томагиан.
Целта на настанот е размена на искуства и практики помеѓу меѓународните и националните експерти, како и детектирање на нови можности и сервиси што ќе им помогнат на лицата со попреченост да живеат понезависен и поквалитетен живот во заедницата, во согласност со Конценција на Обединетите нации за правата на лицата со попречесност. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива