јуни 12, 2017

Маврово/Дебар, 12. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на патниот правец Р1202 Маврово – Дебар на делот од Мелнички мост до с. Долно Косоврасти, поради изведување градежни работи на пат (асфалтирање), денес ќе биде во прекин, информира Авто мото сојузот на Македонија.

Прекинот ќе биде во периодот од 13:00 до 17:00 часот.

Што се однесува до сообраќајот на државните патишта, тој се одвива тековно, по претежно суви коловози. (Крај)

извор: ОхридПрес  фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука