Охрид, 12. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Долги аплаузи и пофалби за охридскиот мешан градски хор „Вокс Лихнидос” по синоќешниот настап на 26-то издание на Меѓународниот хорски фестивал „Тетовски хорски одзиви – ТЕХО 2017”.
Видно беше задоволството кај хористите, но и кај присутната публика. Нивниот настап беше проследен со оваации, а не изостанаа и стручните позитивни критики од музичари и диригенти.
Градскиот хор „Вокс Лихнидос”, под диригентската палка на Бурим Хидри се претстави со специјално подготвена програма од четири композиции, од кои „Се посврши”, авторско дело на охридскиот композитор Гоце Гавриловски синоќа беше премиерно изведена.
Хорот сега се подготвува за следен настап, веќе во петок на хорски фестивал, што ќе се одржи во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес