јуни 12, 2017

Охрид, 12. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – По повод празникот Свети Еразмо Охридски, во среда 14-ти јуни,  во манастирот „Свети Еразмо“, ќе се служи празнична вечерна богослужба, информираат од Дебарско – кичевската епархија.

Почетокот е во 19.00 часот, а со неа ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

Во четврток, на денот на празникот,  со почеток во 9.00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Вископреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г.Тимотеј. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука