Охрид, 13. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското езеро е 29 сантиметри над дозволениот минимум, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.
Иако е забележан пораст на водостојот во споредба со крајот на месец мај, кога нивото беше 26 сантиметри над нултата кота, која изнесува 693, 17 метри надморска височина, сепак оваа бројка е далеку од просекот за овој период од годината.
Според УХМР, просекот за месец јуни е 50 сантиметри над нултата кота. Со оглед на тоа што иако времето е променливо, сепак ги имавме и првите капачи за оваа сезона, од хидролошкото одделение информираат дека температурата на водата во езерото е 16,5 степени. (Крај)
извор: УХМР фото: архива
Прочитано: 20