јуни 13, 2017

Охрид, 13. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Несовесни поединци ја турнале јавната чешма што беше во функција на плоштадот кај Мини маркет.

Охрид и така има недостиг од јавни чешми кои особено ќе ни бидат потребни да се разладуваме во летните денови, па сега фали уште ова, да се уништат и тие што се.

fontana1

Ваквото вандалско и неодговорно однесување кон јавните добра е се позачестено периодов. Па, така викендов на оваа локација со графити беше исцртана фонтаната ”Четири рајски реки”, а често пати во неа се фрла и секаков вид отпад.

Можеби и казната за ваквото однесување кога би била изречена, не би претставувала закана за извршителите. Крајно време е да проработи свеста кај граѓаните, оти по се изгледа проблемот е многу подлабок од што мислиме. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: ОхридПрес  

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука