јуни 13, 2017

Охрид, 13. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од 17-ти  јуни до 2-ри  јули во Охрид ќе се одржува 50-то јунилејно издание на Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, како и 44-та Меѓународна научна конференција.

Семинарот ќе се одржува во Конгресниот центар, а е во организација на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Семинарот својата стручно-научна дејност на подрачјето на македонистиката ја започнал скромно, а до денес непрекинато се развива и израсна во афирмирана наставна, научна и културна институција единствена од ваков вид во Македонија и стана ценет славистички центар.

Низ годините учество зеле над 4.000 учесници од над 50 земји, меѓу кои истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик низ лекторатите во светот. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука