Охрид, 14. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – На територијата на Општина Охрид во месец април оваа година биле издадени вкупно 8 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.
Во седум од нив како инвеститор се јавува физичко лице, а во еден случај деловен субјект. Предвидената вредност на објектите е 82 851 000 денари.
Предвидена е градба на 52 станови, со вкупна корисна површина од 3 555 м2. Од становите 12 се еднособни, 13 двособни и 27 трособни.
Во овој период во Општина Дебрца нема издадени одобренија за градба.
На ниво на Република Македонија, во април 2017 се издадени 259 одобренија за градење
што е за 13.6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22