Струга, 14. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – На територијата на Општина Охрид во месец април оваа година биле издадени вкупно 6 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.
Во пет од нив како инвеститор се јавува физичко лице, а во еден случај деловен субјект.
Предвидената вредност на објектите е 19 652 000 денари. Предвидена е градба на 4 станови, со вкупна корисна површина од 770 м2. Од становите еден е четирисобен, додека три се шестсобни. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27