јуни 14, 2017

Охрид, 14. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес беше поставен камен темелникот на новата административно – деловна здрада на новиот затворен зелен пазар во Охрид, откако во февруари годинава започнаа подготвителните активности за дислокација на тезгите и чистење на просторот.

Затворениот зелен пазар се гради со јавно-приватно партнерство, а изведувач на работите е АД „Илинден“ од Струга, фирма која беше избрана на тендер и која го доби одобрението за градба. Најсовремениот зелен пазар како што се најавува, ќе ги исполнува сите стандарди за трговија и ракување со земјоделски, прехрамбени и производи од животинско потекло. Ќе биде сместен во приземјето на објектот, а ќе се простира на површина од 1.230 метри квадратни.

Ќе биде опремен со околу 190 тезги, изработени по сите ХАСАП и ХАЛАЛ стандарди, потоа деловни простори, а во рамки на објектот ќе биде изграден и подземен јавен паркинг и тоалети.

pazar3Во подрумскиот дел ќе има 100 паркинг – места од кои 10 ќе добијат на трајно користење општина Охрид и јавното претпријатие „Градски пазар“.

Вкупната вредност на оваа инвестиција е околу 4 милиони евра. Во рамките на проектот за изградба на затворен зелен пазар, ќе се реконструира и халата за текстил со изгрдба на уште еден кат со површина од 256 метри квадратни, како и рекострукција на фасадата и покривот на постоечката зграда во која се сместени дел од јавните претпријатија.

На почетокот на подготвителните градежни работи, беше најавено дека изградбата на објектот треба да заврши за 18 месеци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука