Охрид, 14. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид од утре до 21-ви јуни ќе се одржува 16-от по ред Интернационален натпревар за млади музичари „Охридски бисери”.
Во конкуренција ќе бидат 120 кандидати од повеќе земји, , Германија, Полска, Кина Романија, Бугарија Русија, Хрватска, Србија, Словенија, Литванија и други.
Младите музички таленти ќе учествуваат во дисциплините: флејта, кларинет, саксофон, труба, хорна и тромбон.
Натпреварот ќе го следи мешународна жири комисија, составена од признати музички педагози од Русија, Германија, Бугарија, Австрија, Македонија и Србија.
Натпреварот ќе го отвори Министерот за култура Роберт Алаѓозовски, а настап ќе ома Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ”, како и солистот на флејта Мина Радиќ, добитичка на наградата Гранд при пред две години. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива