Струга, 15. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Состојбата со струшката депонија станува алармантна, откако истата од вчера е во пламен.
Утрово Супер радио и OhridPress јавуваат дека огромен облак чад се издига од неа, а поради непристапниот терен противпожарните возила тешко можат да се приближат и да го угаснат оганот.
Во меѓувреме граѓаните на Струга се гушат од чадот од депонијата која се наоѓа на само 500 метри од градот.
Министерот за животна средина Садула Дураку вчера од Струга порача дека ќе се најде решение и за струшката дива депонија.
Граѓаните на Струга со денови протестираат и бараат депонијата итно да се дислоцира. (Крај)
https://www.youtube.com/watch?v=U4zKC6R8d0w&feature=youtu.be
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес
Прочитано: 28