јуни 15, 2017

Охрид, 15. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поголемиот дел од стариот дрворед беше дотраен, со неуредни крошни и претставуваше опасност по минувачите и велосипедистите, реагираат од Општина Охрид на обвинувањата од ОО СДСМ – Охрид за сечењето на неколкудеценискиот дрворед на булеварот „Туристичка“.

Корените од најголемиот дел од дрвата високо го подигаа и оштетуваа бетонот, заради што беше оневозможено нормалното движење. Освен тоа корењата на дел од дрвјата навлегуваа во канализационите системи и ги оштетуваа, а на места и ги запушуваа.

Затоа, почнувајќи уште од денес ЈП „Охридски комуналец“, според планот ќе поставува нови садници јасен и јавор, кои ќе го красат новиот лик на „Туристичка“, стои во реакцијата од Општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид    фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука