Охрид, 15 јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Григор Прличев“ утревечер, по шести пат ќе се одржи Интернационалниот фолклорен и хорски фестивал „Охридски бисер“.
Учество ќе земат хорови и фолклорни групи од Турција, Бугарија, Германија и други. Фестивалот е поделен во два дела. Во првиот дел љубителите на хорската музика ќе уживаат во настапите на неколку хорови. Како претставник на градот домаќин, ќе настапат и членовите на охридскиот хор „Вокс Лихнидос“, предводени од диригентот Бурим Хидри. Во вториот дел, предвиден е настапот на фолклорните групи.
Почетокот е во 19:00 часот, а влезот е слободен.
Организатор на фестивалот е Здружението од областа на културата “Моделс – Младински културен центар“- Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива