Охрид, 16. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Матурантите од ОУТУ „Ванчо Питошески“, од образовните профили келнер и готвач, го полагаа завршниот практичен дел од матурата.
Пред стручната комисија и професорите тие покажаа колку ги научиле гастроносмските тајни за време на нивното школување. Подготвуваа специјалитети за предјадење, главно јадење и десерти, а во кабинетот за послужување келнерите кувертираа маси за банкет, фламбираа и послужија морски плодови, банани, кувертираа ресторанска сала по а ла карт, презентираа вештини од барменството приготвувајќи коктели и беа задолжени за нивно послужување.
Трудот и нивното дело се гледаа. Во дегустацијата уживаа и учениците, видно задоволни од она што го подготвиле покажувајќи ја својата кретивност, иновативност и професионалност.
Практичната настава е важен дел од образовниот процес, особено во областите од угостителството. Преку нив работодавачите го препознаваат квалитетот на учениците.
Затоа треба да се даде акцент на средното стручно образование, особено угостителско-туристичката струка, бидејќи на пазарот на трудот недостасуваат такви кадри за вработување. Тоа особено е забележливо во градов, каде во голем дел од огласите се бараат токму вакви кадри – готвачи келнери. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОУТУ „Ванчо Питошески“