јуни 16, 2017

Охрид, 16. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Жителите на Охрид, Струга и Дебрца пијат исправна вода, покажуваат испитувањата на охридскиот Центар за јавно здравје.

Анализите кои ги спроведуваме, покажуваат дека водата од градските водоводи е со непроменлив квалитет и здравствено безбедна за пиење, вели Сашо Точков од Центарот за јавно здравје.

– Секоја недела се контролира водата во Охрид и Струга, а месечно се испитува квалитетот на водите од селските водоводи, рече Точков.

Кај дел од селските водоводи е забележана неисправна вода за пиење, најчесто поради недостиг на дезинфекционо средство.

Со оглед на тоа што сме на прагот на летната сезона, а деновиве ги имавме и првите капачи, од Центарот за јавно здравје велат дека водата во Охридското езеро по должината на бреговата линија од Св.Наум до Радожда е исправна за пливање, спорт и рекреација. Водата во Билјанини извори, пак, во последниве три месеци има константен квалитет. (Крај)

извор: ОхридПрес  фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука