Охрид, 18. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Црвен крст и годинава, пред стартот на летната туристичка сезона, ќе реализира показна вежба на спасување давеници и укажување прва помош.
Вежбата ќе се реализира според соодветно сценарио, а е во рамки на активностите во делот за безбедност на вода.
Показната вежба ќе се реализира денеска на старото пристаниште во Охрид, пред хотелот „Палас“, со почеток во 12:15 часот, а ќе ја следат гости од Црвениот крст на Норвешка. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 20