Охрид, 19. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Димитри А. (61) е лицето што вчера беше пронајдено удавено во езерските води, кај „Сараиште“.
– Безживотно машко тело, синоќа околу 17 часот и 50 минути е забележано во водите на Охридското езеро, на плажата „Сараиште“. Телото се наоѓало на дното на езерото на околу четири метри длабочина и на оддалеченост од околу десетина метри од езерскиот брег, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
На безживотното тело не се забележани траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител, денеска, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.(Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 18