јуни 19, 2017

Охрид, 19. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид донесе решение за поништување на правосилноста на одобрението за градба на хотелот во Лагадин, се вели во реакцијата на локалната самоуправа по дописот од страна на граѓанската иницијатива Охрид SOS  за градбата на хотелот во Лагадин.

Инвеститорот го обжали предметното решение до соодветната второстепена комисија при Министерството за транспорт и врски, од каде жалбата на инвеститорот е уважена, а предметот го врати на повторно одлучување на Општина Охрид,

Наведениот предмет е во фаза на обработка и целосно постапување по насоките дадени од страна на второстепениот орган  и наскоро се очекува да биде донесена соодветна правна одлука, додаваат од Општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука