Охрид, 20. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради изместување на трасата, кинеската компанија „Синохидро“ ја прекина изградбата на автопатот Кичево – Охрид.
Информацијата ја соопшти влдината служба за информаирање, по средбата на премиерот Зоран Заев со амбасадорката на НР Кина во Македонија, Лин Лисјен.
Автопатот Кичево – Охрид треба да биде готов до крајот на февруари 2018 година.
Според добиениот тендер автопатот Кичево – Охрид трбеше да чини 374 милиони евра.
Освен кинеската компанија Синохидро, како подизведувачи во овој проект се вклучени и македонските компании Гранит, Трансмет и Бетон.
Покрај автопатот Кичево-Охрид, запрена е и изградбата на автопатот Миладиновци – Штип поради нерешени имотно правни односи.
Од владиниот кабинет е најавено дека премиетот Заев ќе оствари средба со кинескиот изведувач и подизведувачите со цел изнаоѓање решение за проблемите. (Крај)
извор: МКД фото: архива