јуни 20, 2017

Охрид, 20. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Силен земјотрес со јачина од 3,6 степени ги вознемири охриѓани нешто после 15:00 часот.

Според првичните информации, епицентарот на потресот бил во близина на селото Скребатно, а освен краткотраен прекин на напојување со електрична енергија на дел од улицата „7-ми Ноември“ и страв кај охриѓани, не предизвика материјална штета.

– Земјотресот се случи во 15:10 часот со Рихтерова локална магнитуда од 3.6 степени. Според досегашните податоци,  земјотрес беше почувствуван во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од V степени според Европската Макросеизмичка Скала, во Битола, Кичево и Дебар со интензитет од IV степени, а во Скопје и Велес со интензитет од III степени според истата скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

zemjotres20062Пред само два дена, серија земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 3,6 степени беа почувствувани во регионот на Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука