јануари 24, 2015

Охрид, 19. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од денес до 25-ти јануари 2015, од 9 до 15 часот, во КИЦ „Култура 365“ продолжува акцијата „Недела на книгата“.

Секој кој ќе го посети Културно-информативниот центар „Култура 365“ ќе добие книга на подарок, а овој пат во „Неделата на книгата од КИЦ „Култура 365“ ја нудат книгата „Морето се мурти“ од Зоран Јакимоски.

Зоран Јакимоски е роден во Охрид, Велестово, 1968 година. Автор е на книгите поезија: „Граматика на поривот“, „Совршен молк“, „Зборот неизречен“,  „Морето се мурти“ и „Ништо не е недостижно“. Учествувал на бројни домашни и меѓународни поетски фестивали.

Во 2012 година Јакимоски стана член на Друштвото на писателите на Македонија, како претставник на авторите од младата генерација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука