Охрид, 20. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, вчера околу 15:00 часот бил донесен починат 61-годишниот В.М. од Струга.
– Тој бил вработен во фирма, кој изведувал работи во каменоломот на местото викано „Стрижак“ на планината Јабланица. Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица од Струга. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 40