Охрид, 20. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Оваа сабота, 24-ти јуни, ќе биде промовирана најновата книга на авторката Ана Бунтеска, насловена „Да му се насмееш на животот“.
Промоцијата ќе се одржи во Terazza Aquarius, со почеток во 20 часот.
Ана Бунтеска дипломирала на Економскиот факултет во Скопје, а работи во Македонската Берза.
Има објавено две книги поезија: „Стави лајк на сопствениот живот“ и „Колку е потребно за среќа“. За оваа стихозбирка, Бунтеска е добитник на традиционалната награда Македонска книжевна авангарда, која ја доделува Фондацијатата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје.
Ана Бунтеска е член е на Друштвото на писателите на Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: facebook
Прочитано: 24