јуни 20, 2017

Крушево/Охрид, 20. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот виртуоз на гитара, охриѓанецот  Дамјан Пејчиноски ја води годинешната бесплатна работилница “Krusevo Workshop”, што започна денес во Крушево, а ќе трае до четврток.

Оваа година има над 30-на учесници. Работилницата се одржува во Спомен куќата на Тоше Проески, а е наменета за сите млади луѓе од регионот кои ќе имаат ретка можност да се запознаат, да научат или доусовршат од докажани “мајстори на својот занает“ во различни области на уметноста.

Ваквата работилница годинава се реализира по трет пат. Првпат, во 2015 година ја водеше музичката легенда Влатко Стефановски, а присуствуваа над 70 гитаристи. Следуваше работилницата за хармоника на Благоја Алачки која заврши со заеднички концерт на Елена Рисетвска и учецниците. За овој пат младите музички таленти да бидат доверени на нашиот Дамјан Пејчиноски.

pejcinovski2

Идејата и целта на “Krusevo Workshop” е  градот Крушево,  а особено Спомен куќата на Тоше Проески, да прерасне во регионален културен центар за едукација во областа на уметноста.

Организаторитеи  за следните години најавуваат слични работилници, кои ќе ги водат признаени и реномирани уметници од Македонија и светот. (Крај)

извор: ОхридПрес    фото: Дамјан Пејчиновски

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука