Струга, 21. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните на Струга денес повторно ќе го кренат својот глас за правото на чист воздух и ќе побараат одговорност од надлежните и решение на проблемот со струшката дива депонија.
Од Граѓанската иницијатива „Доста“ наведуваат дека бараат конечен „Крај на депонијата“, откако деновиве ескалираше проблемот со загадувањето. За депонијата која со децении е хроничен проблем на стружани, се „препукуваа“ и партиите СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, кои се обвинуваа меѓусебно за истата и побараа трајно решавање и дислокација. Депонијата во Струга гори уште од Велигденските празници. По протестите на граѓаните и невладините организации властите започнаа со санацијата, а кои ќе бидат следните мерки дополнително ќе се одлучува.
Протестот е закажан за 18:00 часот во струшката чаршија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива