јуни 21, 2017

Охрид, 21. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Младата флејтистка, охриѓанката Тамара Џајковска во петок ќе одржи концерт во катедралната црква „Св. Софија“.

На програмата ќе бидат дела од: Рајнике, Ибер, Телеман, Чајковски, Кларк.

Џајковска ќе настапи во пијано придружба на Доминика Робе. Почетокот на концертот е во 20:00 часот, а влезот ќе биде слободен.

koncerttamaraТамара Џајковска студираше на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. м-р. Страшо Темков. Добитник е на повеќе први места на државни натпревари, како солист и во категоријата камерна музика. Носител е и на награди на  меѓународни натпревари во регионот, од кои се издвојува лауреатот освоен во Перник, Република Бугарија во мај 2011 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука