Струга, 22. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Се разгледуваат сериозни можности во наредниот период струшката депонија да биде дислоцирана и да се изнајде трајно решение, потенцира министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
– Направивме се пожарот што беше на депонијата да биде изгаснат. Сега ние како Влада, иако мојот ресор не е надлежен ракување со депонијата, сепак ќе се потрудиме да направиме се, иако од граѓаните беше побарано тоа да се направи за 15 дена, во најбрз можен рок да го решиме овој долгогодишен горлив проблем на стружани, рече Сугарески.
Деновиве ескалираше проблемот со загадувањето од депонијата, која со децении е хроничен проблем на стружани. Изминативе недели се одржуваа протести за чист воздух, на кои граѓаните побараа одговорност од надлежните и решение на проблемот со струшката дива депонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес