Охрид, 22. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Навистина има проблеми со изградбата на автопатската делница Охрид – Кичево, а тие се наведени и во извештајот од надзорот на Јавното претпријатие за државни патишта, потенцира министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Како што кажа тој, најголемиот дел од проблемите се однесуваат на проектната документација која што не е во согласност со реалноста која е на терен.
– Имаме нестабилност на косините, потоа сериозна бројка на електро – енергетски објекти кои треба да се дислоцираат, имаме проблеми со експропријација. Правиме се што е во наша моќ дел од овие проблеми да ги отстраниме, да се одблокира застојот во изградбата на автопатот се со цел колку толку да ги запазиме роковите, имајќи предвид дека рокот за изградба на автопатот Миладиновци – Штип истече на први мај. Граѓаните за овие автопати одвоиле огромни суми на пари, потенцира министерот Сугарески.
Инаку деновиве, влдината служба за информаирање соопшти дека изведувачот, кинеската компанија „Синохидро“, ја прекина изградбата на автопатот Охрид – Кичево.
Според првичната проекција, овој автопат трбеше да чини 374 милиони евра, а треба да биде готов до крајот на февруари 2018 година, рок што по се изгледа ќе биде пробиен.
Денеска околу 140 македонски работници, ангажирани од фирма-подизведувач за градежни работи на автопатот излегоа на протест, а како причина наведоа доцнење во исплатата на платите и непридржување на работодавачите кон потпишаните договорите за работа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива