јуни 23, 2017

Охрид, 23. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во овој момент е од првостепено значење да ги насочите сите напори, да ги обединете сите стручни и научни потенцијали, во остварувањето на практичните цели и на она што ве очекува во реконструкцијата на целиот правен систем.

Со ваква порака, денеска, пред учесниците на  Охридската школа на природното право „Демократија и владеење на правото“, се обрати Рајнхард Прибе, раководителот на комисијата, која во име на ЕУ, во 2015 година, го подготви списокот на неопходните реформи кои земјава треба да ги преземе за да го надмине застојот на патот кон зачленување во ЕУ.

Како експерт на ЕУ Прибе настапи со предавање насловено „Демократија, владеење на правото и човекови права – релевантноста на вредностите на Европската Унија за земјите кандидатки“.
Пред магистрантите и докторантите – правници и кривичари, Прибе рече дека, дури подоцна, откако Македонија ќе постане стабилна и одржлива, тие, во своите трудови, како едуцирани,слободоумни правници и политиколози, ќе можат попродлабочено да се занимваат со ефикасноста и стручноста на администрацијата и со други прашања, кои ќе го поттикнат патот во евро-атланското интегрирање.

На школата која трае цела седмица, предавачи се професори од правните факултети од земјава, а се одржува во организација на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ и со поддршка на амбасадата на САД во Скопје..

Рајнхард Прибе  ќе остане во Македонија викендов и на почетокот на наредната седмица, но, засега, не е најави посебни средби со политичари и  функционери од власта и опозицијата.

Предавањето што ќе го одржи експертот на ЕУ е насловено „Демократија, владеење на правото и човекови права – релевантноста на вредностите на Европската Унија за земјите кандидатки“.

На школата која трае цела седмица, предавачи се професори од правните факултети од земјава.
Пред учесниците на Школата, денеска говореа и министерот за правда, Биљен Салији, како и и специјалните обвинителка Катица Јанева. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука