Кривични за албански и македонски државјани поради трговија со дрога
јуни 23, 2017

Охрид, 23. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против еден албански и тројца македонски државјани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Пријавените извршиле транспорт на поголема количина на опојна дрога мариухана преку водите на Охридско Езеро, која имале намера да ја препродаваат на територијата на Република Македонија.Во неколку организирани акции од почетокот на годинава СВР Охрид кај пријавените пронајде и одзеде околу 164 килограми опојна дрога марихуана.

Акциите се изведени во координација на криминалистичката полиција со другите организациони единици на МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука