Охрид, 23. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во градскиот парк се поставуваат реквизти кои по се изгледа ќе бидат дел од новото детско забавно катче во Охрид.
Оваа вест најмногу ќе ги израдува најмладите, кои ќе имаат свое катче каде ќе играат и ќе се дружат. Од она што можевме да го забележиме, реквизитите се современи и квалитетно изработени.
Како што неофицијално дознаваме, модерниот детски забавен парк кој всушност ќе биде донација за општината, предвидено е да биде отворен за една недела.
По однос на ова прашање се обративме во локалната самоуправа, со оглед на тоа што и изминативе години на оваа локација имаше детски забавни количиња и реквизити. Оттаму ни рекоа дека локацијата е издадена на приватни лица согласно огласот за локации за времно поставување реквизити. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес