Струга, 23. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од 23-28 август ќе се одржува една од позначајните културни манифестации во земјава – Струшките вечери на поезијата.
На годинешното 56-то издание на манифестацијата учество ќе земат 30-на поети, меѓу кои кинескиот поет Дуо Дуо, лауреатот на Торонто, Ен Мајклс, најатрактивниот полски поет Ришард Криницки и други.
Претседателот на управниот одбор на фестивалот, поеот Славе Ѓорго Димоски, најави дека од оваа година ќе има претставуавње и на мали јазици, а овој пат тоа ќе биде јазикот што се говори во Еквадор. Покрај тоа, со антологиско издание ќе биде објавена современата кубанска поезија.
На странските поети учесници ќе им се даде лично да ја презентираат поезија во насока на поцелосна презентација, а дел од настаните ќе бидат пренесувани директно на интернет преку лајф стриминг и на други начини.
Годинава добитник на „Златниот венец“ е американскио поет Чарлс Симиќ, а на наградата „Мостови на Струга“ хрватскиот поет Горан Чулахоџиќ. За наградата „Браќа Миладиновци“ во трка се 38 автори. Паричниот фонд на нагрдата е зголемен и од оваа година ќе изнесува 150.000 денари. Воедно, признанието „Браќа Миладиновци“ годинава слави 55 години од неговото востановување. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива