јуни 24, 2017

Охрид, 24. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид, со почеток од 12:00 часот, свечено ќе биде одбележан 24-ти јуни – Денот на Египќаните на Балканот.

Прославата содржи пред-премиерно прикажување на документарниот филм „Балкански Египќани“ во продукција на светската документарна редакција на Ал-Џезеира. Филмот го прикажува животот, културата и културното наследство, како и движењето за заштита на идентитетот на балканските Египќани.

Исто така, ќе има мала пригодна културно-музичка програма изведена од талентирани младинци од Заедницата на балканските Египќани во Македонија.

На Балканот живеат еден милион Египќани, тврдат претставници на Сојузот на балканските Египќани. Често се поистоветени со Ромите, поради што тие секојдневно се борат со стереотипите и дискриминацијата.

– Земјите од Балканот имаат постигнато голем напредок во уредувањето на  правата на Египќаните, но за жал тоа не е случај и кај нас. Република Македонија е мултикултурна земја, но за жал се претвора се повеќе во бикултурна. Колку за пример во парламентот на Косово имаме еден загарантиран пратеник. Во Србија и Црна Гора на нашите малцинство им се даваат сретства и голема помош. На маргините сме само во Македонија и Албанија – вели професор д-р Рубин Земон од Сојузот на балканските Египќани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука