Струга, 24. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 12:00 до 13:30 часот, по Наредба од Основен суд Струга, полициски службеници од Полициската станица во „Франгово“ извршиле претрес во домот на 61-годишниот О.Д. од Струга.
– При претресот во кујната била пронајдена непозната бела прашкаста материја, една пластифицирана картичка со траги од непозната бела прашкаста материја, како и едно парче од најлонско ќесе со траги од непозната прашкаста материја, информираат од МВР.
О.Д. бил приведен во Полициската станица во Струга за понатамошна постапка. Пронајдените предмети ќе бидат испратени на вештачење. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 15