Струга, 25. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Струга е домаќин на четвртиот Меѓународен хорски форум, кој се одржува под раководство на истакнатиот македонски диригент, Сашо Татарчевски.
Гостин на годинешното издание на хорскиот форум е маестро Денеш Сабо од Унгарија, маркантна фигура на унгарската и светската хорска сцена.
Учесниците ќе се запознаат со македонската музичка традиција преку работа на музика од богатата хорска ризница со раководителот на форумот, а ќе добијат и мастеркласови за диригирање и практична работа со хорски ансамбли, од Татарчевски и од Сабо.
Завршниот концерт на форумот, кој традиционално се одржува во црквата „Св. Софија“ во Охрид е закажан за 29-ти јуни, со почеток од 19 часот. Форумот трае до 1-ви јули. (Крај)
извор: Нова Македонија фото: Нова Македонија