јуни 25, 2017

Охрид/Скопје, 25. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го продолжи рокот за аплицирање за користење ИПАРД средства од програмата 2014-2020 година.

Оттаму информираат дека заинтересираните земјоделци може да поднесуваат барања се до 21-ви јули.

Причина за продложување на рокот е да се излезе во пресрет на барањата од потенцијалните корисници за подготовка на квалитетни апликации.

Од Агенцијата велат дека останатите делови од јавниот повик објавен на 24 април годинава остануваат непроменети и неговата целосна содржина може да се најде на веб-адресата www.ipardpa.gov.mk.  (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука