јуни 25, 2017

Охрид, 25. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Едно лице кое се давело во водите на Охридско Езеро, на плажата кај селото Пештани, било успешно извлечено од водата и со Брза помош пренесено во ЈЗУ Општа Болница во Охрид каде лекарите се борат за неговиот живот.

Неофицијално се работи за машко лице кај кое е констатирано дека белите дробови се наполнале со вода, но со интервенција на лекарите е реанимирано и пренесено на натамошен третман во болницата. (Крај)

извор: локално.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука