јуни 25, 2017

Охрид, 25. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридската хотелска понуда од синоќа е побогата за уште еден луксузен хотел – Laki Hotel & Spa.

Во присуство на бројни гости од градот и земјата, со богата програма, новиот хотел лоциран наспроти хотел „Гранит“ ги отвори вратите за посетителите.

За гостите се нудат 60 двокреветни соби и 4 апартмани со прекрасен поглед на Охридското Езеро, модерен Spa Centar, ресторан и внатрешен и надворешен базен.

Наскоро Охрид ќе добие уште еден современ и модерен градски хотел, во склоп на Трговскиот центар КАМ Village со што уште повеќе ќе се дополни угостителската понуда во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: 2S

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука